Достапни линкови

logo-print

Ѓулен: Турција ги уценува САД за екстрадицијата


Дирекцијата за религиозни прашања во Турција досега има отпуштено 1.112 луѓе, вклучително и муфтии и наставници во исламските училишта, по неуспешниот обид за воен удар на 15 јули. Турските власти за пучот го обвинуваат проповедникот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, а во Турција има мрежа од поддржувачи, училишта, фондации и фирми.

Ѓулен во статија во весникот „Њујорк тајмс“ ја обвини Турција дека ги уценува САД, заканувајќи се дека доколку Вашингтон не го екстрадира, тогаш Анкара ќе ја ограничи поддршката за коалицијата против групата Исламска држава. Ѓулен од 1999 година живее во доброволен егзил во САД. Турските власти официјално побараа тој да им биде предаден и да му се суди заедно со над 70 главни учесници во превратот. Судскиот процес е закажан за крајот на ноември оваа година.

XS
SM
MD
LG