Достапни линкови

Сандерс - Горд сум што ја поддржувам Клинтон


САД: тензично на конвенцијата на Демократите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:57 0:00

САД: тензично на конвенцијата на Демократите

Националната демократска конвенција во Филаделфија почна тензично откако поддржувачите на Берни Сандерс постојано ја исвиркуваа Хилари Клинтон иако сега тој почна силно да ја поддржува. Како и да е, на четиридневната конвенција се очекува Клинтон да стане првата жена која ќе се трка за Белата куќа.

74-годишниот Сандерс водеше жестока пресметка против Клинтон за номинација на Демократите за претседателските избори на 8 ноември и привлече огромен број следбеници со прогресивните предлози за намалување на улогата на парите во политиката и за подостапно здравствено осигурување и високо образование.

Неговите следбеници продолжија силно да го поддржуваат иако тој застана зад Клинтон во обид на партијата да се обедини во трката против контроверзниот кандидат на републиканците Доналд Трамп.

Но, на единството на партијата му беше нанесен уште еден удар откако Викиликс објави над 19 илјади мејлови кои укажуваат дека високи претставници на Демократската партија ја фаворизирале Хилари и им се подбивале на Сандерс и неговите приврзаници.

Како последица на тоа, претседателката на Демократскиот национален комитет Деби Васерман Шулц, која беше предвидено да ја отвори конвенцијата, си поднесе оставка.

Комитетот потоа и официјално му се извини на Сандерс за мејловите кои имаа за цел да му наштетат на неговата кандидатура за Белата куќа.

Настапувајќи на конвенцијата, Сандерс изјави дека Клинтон мора да биде идниот американски претседател.

„Ни треба лидерство кое ќе го зближи нашиот народ и ќе не направи посилни, а не лидерство кое има за цел да не подели“, рече тој.

Во говорот кој, според аналитичарите, беше уште еден обид за приближување на двете страни во партијата, Сандерс го обвини републиканскиот кандидат Трамп дека не им нуди ништо на Американците, освен „страв и поделби“.

Претходно на конвенцијата говореше и американската прва дама Мишел Обама која изјави дека Хилари Клинтон е единствениот кандидат подготвен да биде претседател.

„На овие избори има една личност на која и верувам и која е вистински квалификувана да биде претседател на Соединетите Држави, а тоа е нашата пријателка Хилари Клинтон“, рече таа.

И покрај тоа што Мишел Обама и Берни Сандерс и дадоа целосна поддршка, поранешната прва дама се соочува со тешка задача да ги привлече, не само незадоволниците во нејзината партија, туку и големиот број се уште неопределени гласачи во земјата.

Богатиот њујоршки бизнисмен и поранешна ѕвезда на телевивиките риалити шоуа Доналд Трамп кој жестоко е критикуван од демократите, но и од неговите сопартици, републиканците за неговите ксенофобични и расистички коментари, според последните анкети, води пред Клинтон со 48 насто наспроти 45 проценти.

Во изминативе месеци Клинтон постојано водеше во анкетите за тоа кој би можело да влезе во Белата куќа, таа или нејзиниот ривал.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG