Достапни линкови

logo-print

Кери и Лавров на средба за Сирија


Американскиот државен секретар Џон Кери на денешната средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе разговара за можностите за соработка меѓу двете земји за крај на конфликтот во Сирија. Средбата ќе се случи на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на азиските земји во Лаос. Во почетокот на месецов Кери во Москва имаше маратонски разговори со Лавров и со рускиот претседател Владимир Путин во врска со конкретните чекори за спас на кршливото примирје и за можната соработка во борбата против екстремистичките групи во Сирија.

XS
SM
MD
LG