Достапни линкови

Ципрас предложи промени на грчкиот Устав


 Алексис Ципрас

Алексис Ципрас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас предложи промени на Уставот заради, како што изјави, воведување „директна демократија“ така што граѓаните ќе избираат шеф на државата и ќе ги потврдуваат законите на рефередуми. „Време е да престанеме да се плашиме од одлуките на граѓаните, иако ни тие не се непогрешливи“, рече тој во телевизиското обраќање. Ципрас додаде дека Грција мора да биде секуларна држава иако православието е мнозинска вера во таа земја. Според него, во земјата ќе бидат формирани групи за дискусија кои во април наредната година ќе поднесат извештај за предлозите на граѓаните за новиот Устав.

XS
SM
MD
LG