Достапни линкови

logo-print

САД истражува кој стои зад протекувањето на мејловите


Американскиот Комитет за разузнавање е запознаен со протекувањето на партиските мејлови на Демократската партија во јавноста. Демократскиот пратеник во Комитетот Адам Шиф вели дека ќе побара информации за потеклото на нападот и дали е поврзан со Русија и со други земји.

Тој вели дека ако нападот е поврзан со руски актери, тоа нема да биде прв пат сајбер хакери поврзани со Русија и нејзини поддржувачи да се обидат да влијаат врз политичкиот процес во други земји.

Директорот на Националното разузнавање, Џејмс Клапер, изјави дека имаат индикации дека странски хакери ги шпионираат кандидати за претседател на САД. Тој очекува и зголемување на заканите од сајбер напади.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека нема да ги коментира обвинувањата дека Русија стои зад протекувањето на електронската пошта.

XS
SM
MD
LG