Достапни линкови

Спорните гласачи ќе се пријавуваат од утре


Државната изборна комисија утре на својата интернет страница ќе ги објави имињата на спорните 39.502 гласачи. Тие ќе можат во рок од 25 дена лично или по електронски пат да се пријават во ДИК за да може подоцна да го искористат своето право на глас. Списоци со спорни гласачи ќе бидат истакнати и во дипломатско-конзуларните претставништва за да може тие што работат или живеат во странство да ги видат и да се пријават. Освен јавен повик на спорните гласачи ќе им биде испратено и писмо со покана да се пријават.

XS
SM
MD
LG