Достапни линкови

Руски пливачи добија забрана за ЛОИ во Рио


ФИНА – Меѓународната пливачка федерација им забрани на седум руски спортисти да настапат на Олимписките игри во Рио. Тоа е првото спортско тело што наметна забрана откако Меѓународниот олимписки комитет (МОК) соопшти дека нема да им забрани на руските спортсити да учествуваат во Рио поради скандалот со допинг, но дека ќе им остави на релевантните индивидуални федерации да одлучат сами дали ќе воведат забрана за некого. Забраната се однесува и на руските пливачи Владимир Морозов, Никита Лобинцев, Јулија Ефимова кои освоија бронзени медали на Олимпијадата во 2012.

XS
SM
MD
LG