Достапни линкови

logo-print

Унгарија нема да ги отвора границите за мигранти


Унгарската Влада нема да попушти пред притисокот за отворање на границите за мигранти, изјави денеска главниот советник на премиерот за внатрешна безбедност, Ѓерѓ Баконди. Од околу 400 мигранти кои тргнаа од Белград синоќа во пограничната зона Хоргош-Реске пристигнаа 130, барајќи да преминат во западна Европа, преку Унгарија. Мигрантите, главно од Авганистан и Пакистан, за телевизијата „М1“ кажаа дека планираат да почнат штрајк со глад во знак на протест заради заострените унгарски прописи за минување на границата, пренесе унгарската агенција МТИ. Баконди за телевизијата „М1“ кажа дека протестите, како овој, често пати не ги организираат самите мигранти, туку организациите на цивилното општество, кои сакаат да извршат притисок врз унгарската Влада да им ги отвори границите „и да ги пушти сите да минат“ до Австрија. „Тоа нема да се случи“, рече Баконди. Според него, ниту еден од 130-те мигранта, кои во неделата пристигнаа во пограничната зона, до унгарските власти не поднел барање за азил.

XS
SM
MD
LG