Достапни линкови

Хан бара целосно спроведување на договорот


Добрите вести за постигнатиот политички договор во Македонија сега треба да се материјализираат преку целосна имплементација на договореното, без одлагање, истакна еврокомесарот Јоханес Хан на неформалниот состанок на министри за европски прашања во Братислава. На состанокот учествувал и вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми, соопштија од Секретаријатот за европски прашања. И вицепремиерот Адеми се согласил дека сега е важно спроведувањето на договорот и нагласил дека не треба да се заборави на политиката на проширување на ЕУ. Претседавачот на форумот во име на Словачкото претседателство, Иван Корчак, потенцирал дека проширувањето останува во фокусот на Европската унија.

XS
SM
MD
LG