Достапни линкови

Германија испитува терористички врски меѓу бегалците


Германските власти испитуваат 60 баратели на азил осомничени за можни врски со терористички организации, вклучувајќи ја и организацијата Исламска држава, соопштија денеска од Канцеларијата на Федералната кривична полиција. Во соопштението се наведува дека меѓу бегалците може да има активни или поранешни членови или пак симпатизери на терористички организации и воени злосторници. Од полицијата велат дека засега немаат индиции дека се планира напад. Федералната полиција добила 410 пријави од локалните власти за можни терористи меѓу бегалците. Но властите велат дека не треба да се стави сомнеж врз сите бегалци. За помалку од една недела во Германија се случија четири напади. А три од нив од баратели на азил во земјата. Повеќе од еден милион луѓе кои бараат азил влегле во Германија во текот на изминатата година.

XS
SM
MD
LG