Достапни линкови

Смртоносен бомбашки напад во Ирак


Најмалку 11 луѓе се убиени во експлозија на автомобил бомба на контролен пункт во провинцијата Дијала во Ирак. Во експлозијата исто така се повредени 30 луѓе, соопштија локалните власти. Засега никој не презеде одговорност за нападите, но организацијата Исламска држава во последните месеци презеде одговорност за многу бомбашки напади во земјата. Денешните напади доаѓаат на еден ден по самоубиствениот бомбашки напад во претежно шиитска област во Багдад при што загинаа 15 луѓе.

XS
SM
MD
LG