Достапни линкови

Напаѓачот во Ансбах поттикнат од исламистички екстремизам


Човекот кој се разнесе во експлозија на бомба и повреди 12 други луѓе синоќа во германскиот град Ансбах, бил инспириран од исламистички екстремизам, соопштија од баварската полиција. Министерот за внатрешни работи на Баварија, Јоаким Херман, вели дека најверојано станува збор за исламистички самоубиствен напад. Тој во изјава за ДПА вели дека „очигледната намера да убие повеќе луѓе укажува на исламистичка врска“. Полицијата соопшти дека 27-годишниот Сириец се разнесе во близина на место каде се одржувал музички фестивал под отворено.Човекот бил од Сирија и побарал азил во Германија пред две години. Министерот вели дека човекот носел ранец полн со експлозиви со кои можело да се убијат многу луѓе. Напаѓачот во неколку наврати бил на психијатриско лекување, а имал и обид за самоубиство.

XS
SM
MD
LG