Достапни линкови

logo-print

Загинати и повредени во пукотници во ноќен клуб во Флорида


Најмалку двајца луѓе се убиени, а 14 повредени во пукање во ноќен клуб во Флорида, рано утрото на 25 јули, покажуваат извештаите на американските медиуми. Според полицијата во ноќниот клуб имало журка за тинејџери. Медиумите велат дека е уапсен еден човек осомничен дека е поврзан со пукањето. Од локалната полицијаа соопштуваат дека трагаат и по други осомничени. Полицијата соопштува дека се истражуват и други две локации каде исто така било пукано. Некои извештаи велат дека еден од загинатите е 14-годишно момче.

XS
SM
MD
LG