Достапни линкови

logo-print

Турција меѓу членството во ЕУ и смртната казна


Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавашоглу

Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавашоглу

Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавашоглу изјави дека на Турција никој не може да и се заканува. Неговата изјава уследи по низата реакции од Европска унија за воведување на смртната казна во земјата.

„Ги штитиме вредностите на ЕУ. Претставниците на ЕУ можат да го кажат својот став, но ако со тоа и се закануваат на Турција, тоа е контрапродуктивно“, посочи Чавашоглу за телевизијата Хабертурк.

Претставници на ЕУ предупредија дека евентуалното враќање на смртната казна во Турција ќе значи крај на преговорите за членство во Унијата.

Турција не е во ситуација набргу да стане членка на ЕУ и сите преговори за нејзино приклучување ќе бидат итно прекинати, доколку таа повторно ја воведе смртната казна, изјави претходно претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

XS
SM
MD
LG