Достапни линкови

Кој не мисли како мнозинството, тој е непријател


Ставовите кои не се совпаѓаат со тие на мнозинството, наверојатно доаѓаат од некој кој е „соросоид“, „мафијаш“, „наркоман“ и што ли уште не, а пресметката со него треба да се на „цврст“ начин. Ова е накратко сликата на коментарите на фејсбук страницата на РСЕ.

Се чини во Македонија е веќе одомаќено правилото дека сите треба да мислат исто како мнозинството. „Кој не мисли како мене, тој е непријател‟ - за да биде појасно. Па така, сите постови на Фејсбук по неделното интервју на РСЕ со Дарко Алексов од граѓанската асоцијација МОСТ во кои нашите слушатели и читатели се согласуваат со неговите ставови биваат напаѓани од оние кои го сметаат за партиски определен, за „соросоид‟, за „мафија‟ што требало да оди во затвор, како што напишал Нико Николов или за „шарени п...‟, според постот на Гоце Илиоски. Зоран Мушонов дури дава предлог дека со таквите како Алексов требало „на турски начин‟. Хари Неделковски, веројатно читајќи ги коментарите на нашата Фејсбук страница напишал: „Голема нервоза кај дпмнеовциве по потпишувањето на договорот...‟ А Стојчо Ѓорев го коментира ставот на Алексов дека со оглед на досегашното искуство, не може да се биде оптимист дека најновиот договор ќе биде испочитуван од страна на партиите: „Како можеш да бидеш оптимист кога си имаш работа со бандити и тешки криминалци дпмнеовски... и ќе има, за жал, празноглави и малоумни будали кои ќе им го оправдуваат криминалот‟.

Приказната се повторува и по текстот во нашата младинска он-лајн колумна на првиот сдсмовски младинец, Стефан Богоев. Тој исто така го собрал гневот на коментаторите на Фејсбук затоа што е дел од, цитирам, „шарените наркомани и педери на Сорош со поддршка на смрдсм одродничка‟. Жарко Несторовски само напишал: „Напред...‟ Хари Мисиќ препорачува: „Младите после сè да се фатат за работа, а не да чекаат како претходните ордени и места за кражба и збогатување‟.

Во врска со оправдувањата на власта дека 450-те милиони евра од еврообврзницата се за плати и пензии, речиси сите постови на Фејсбук може да се сведат на ониекако од Благоја Прчовски: „Најдобра економија во Европа, а нема за пензија‟ и на Александар Мисов: „Тоа ли е преродба во 100 чекори, касите празни, а сметките полни?!‟.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG