Достапни линкови

Уште еден инцидент со бегалци во Германија


27-годишен Сириец на кој му бил одбиено барањето за азил во Германија, загина откако бомбата што ја носел ја активирал пред влезот на еден музички фестивал на отворено во германскиот град Ансбах. Претходно, сириски азилант уби една жена.

Баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман прецизира дека Сириецот во Ансбах веќе два пати претходно се обидел да се самоубие.

Сепак, се уште останува нејасно дали тој овој пат имал намера да изврши самоубиство или да убие и други луѓе.

Во нападот биле ранети дванаесет лица, од кои тројца потешко.

Министерот Херман изјави дека станува збор за 27-годишен сириски бегалец кој пристигнал во Германија пред две години.

Нему пред една година му било одбиено барањето за азил, но сепак му било дозволено да остане во Германија поради конфликтот во Сирија.

Херман додаде дека тој носел ранец полн со експлозив и оти претходно му било забрането да присуствува на музичкиот фестивал, бидејќи немал билет.

По експлозијата веднаш биле евакуирани над 2 илјади луѓе кои биле на фестивалот.

Во Ансбах, град со околу 40 илјади жители е сместена американска воздухопловна база.

Тоа беше четврти насилен инцидент во Германија во една недела и дојде во време кога земјата се уште е потресена од убиството на девет лица од страна на еден 18-годишен Германец со иранско потекло во петокот во Минхен.

Шефот на баварската полиција Роберт Хајмбергер вчера изјави дека Давид Али Сонболи го планирал нападот скоро една година.

Се наведува дека тој бил депресивен и оти претходно имал неколку медицински третмани.

Во истрагата за овој инцидент полицијата приведе едно 16 годишно момче од Авганистан под сомневање дека знаело за намерите на Сонболи кој користејќи Фејсбук намамил млади муѓе да дојдат пред ресторан на Мекдоналдс во Минхен каде што почнал да стрела.

Инаку, пред инцидентот во Ансбах, 21-годишен сириски бегалец бил уапсен југозападниот град Ројтлинген, во близина на Штутгарт откако со мачета убил една бремена жена, а ранил уште две други лица.

И во овој инцидент станува збор за барател на азил од Сирија.

Тој се скарал со жената која потоа ја убил.

Се наведува дека тој и бил познат на полицијата. Телевизиската мрежа НТВ наведе дека непосредно по инцидентот во тој град завеладеала паника.

Пред овие напади, на 18 јули, еден бегалец од Пакистан со секира повреди пет луѓе во јужниот дел на Германија, пред да биде застрелан од полицијата.

Полицијата соопшти дека ниту нападот со мачетата, ниту нападот во Минхен имале некакви знаци на поврзаност со милтантите на Исламската држава или со други екстремистички групи.

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот со секира на во Германија.

Милитантите је прездеоа одговорноста и за нападот во Ница кога за Денот на Бастиља едно лице со потекло од Тунис со камион уби 84 луѓе.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG