Достапни линкови

logo-print

Во САД почнува конвенцијата на Демократската партија


Деби Васерман Шулц

Деби Васерман Шулц

Во пресрет на денешното отворање на четиридневната Конвенција во Филаделфија, Демократската партија мораше да реагира во врска со партиските мејлови кои протекоа во јавноста. Роби Мук, одговорен за кампањата на најверојатниот кандидат за претседателската трка Хилари Клинтон сугерира дека зад аферата стојат „руски државни актери“ со цел да му помогнат на републиканскиот ривал Доналд Трамп кој пак најави дека ќе ги подобри односите со Москва. Мук изјави дека не верува оти 19 илјади хакирани мејлови кои покажуваат дека персоналот во Демокартскиот национален комитет ја фаворизира Клинтон пред нејзиниот ривал Берни Сандерс, биле објавени случајно. Претседавачот на Комитетот Деби Васерман Шулц изјави дека на крајот од конвенцијата ќе си поднесе оставка поради објавувањето на мејловите.

XS
SM
MD
LG