Достапни линкови

logo-print

Во Грција, ултрадесничари против муслимански собир


Околу 150 ултрадесничари се судрија со полицијата во грчкиот град Комотини во обид да го нападнат собирот на припадници на муслиманската заедница. Ултрадесничарите фрлале камења врз полицајците кои потоа активирале солзавец и шок бомби за да ги растераат. Собирот го организираше малата муслиманска партија „Пријателство, еднаквост, мир“ во знак на одебележувањето на 21 годишнината од смртта на нејзиниот основач Ахмет Садик. Во Грција има над 100 илјади муслимани и главно живеат во областа Тракија на североистокот на земјата и се изјаснуваат како Турци иако Грција им го оспорува правото нанационално самоопределување.

XS
SM
MD
LG