Достапни линкови

Партиски усогласувања на законите за медиуми и за МВР


Претставници на четирите партии потписнички на договорот од Пржино денеска би требало да се сретнат за уште едно усогласување на измените во законите за медиуми, за МВР и за Влада. По усвоените измени во Изборниот законик и овие законски измени беа договорени на последната средба на работните групи политичките партии на 20 јули. Во однос на Законите за медиуми ќе треба да се предвиди назначувањето на главниот и одговорен уредник на националниот сервис кој треба да го предложи опозицијата како и формирањето на ад хок тело кое треба да ја мониторира работата на медиумите 100 дена пред одржување на изборите. Измени кои и за дел од познавачите на оваа проблематика беа спорни. Во Законот за Влада треба да се ограничи мандатот на министрите, тие се повлекуваат од фунциите откако Државната изборна комисија ќе ги објави официјалните резултати од изборите но и да се фиксираат кадровските измени на 15 раководители во МВР што ќе има право да ги направи министерот.

XS
SM
MD
LG