Достапни линкови

Обама со критика за Трамп


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека сугестиите на републиканскиот кандидат Доналд Трамп дека Вашингтон можеби ќе ја повлече воената помош на балтичките земји доколку биде извршена инвазија од Русија покажува недостаток на неподготвеност за прашањата поврзани со надворешната политика.

Според него, коментарите на Трамп дека САД најпрвин ќе преиспитаат дали овие земји ја исполниле нивната финансиска обврска кон НАТО пред да донесат одлука дали ќе ги бранат нивните територии од Русија ја поткопува централна догма на Алијансата.

Обама истакна и дека доколку не и се обезбеди помош на земја која е сојузник на НАТО е прекршување на правилата, бидејќи тоа се смета за напад на секоја земја членка.

XS
SM
MD
LG