Достапни линкови

Нападот во Минхен бил планиран една година


Германските власти соопштија дека осомничениот за нападот во трговски центар во Минхен во минатата година бил два месеци подоложен на болнички психијатриски третман поради социјална анксиозност и депресија.

Осомничениот идентификуван како Давид Али Сонболи со двојно германско и иранско државјанство бил роден и израснат во Минхен. Неговото мртво тело беше пронајдено на километар оддалечност од трговскиот центар Олимпија каде се случи нападот при кој беа убиени 9 лица.

Тој најверојатно сам си го одземал животот. Според властите, осомничениот пател од депресија и страв да оствари контакт со други лица. Полицијата соопшти дека тој го планирал нападот една година.

XS
SM
MD
LG