Достапни линкови

Косово во жалост за жртвите од нападот во Минхен


Цвеќиња во близина на трговскиот центар во Минхен каде беше извршен нападот.

Цвеќиња во близина на трговскиот центар во Минхен каде беше извршен нападот.

Во Косово се одржува Ден на жалост за тројцата жртви кои беа убиени за време на нападот во германскиот град Минхен на 22 јули. Знамињата во земјата се поставени на пола копје во чест на загинатите. Двајца други државјани на Косово беа повредени во нападот.

Вчера 18-годишното момче со двојно германско и иранско државјанство отвори оган во трговски центар во Минхен. Во нападот беа убиени девет луѓе, а 16 други се повредени, пред напаѓачот да се самоубие.

XS
SM
MD
LG