Достапни линкови

Трамп-Франција и Германија компромитирани од тероризам


Републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп

Републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп

Републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп изјави дека Франција и Германија се компромитирани од тероризмот и може да бидат предмет на екстремна проверка на имиграционата политика на неговата администрација. Говорејќи во интервју за ЕнБиСи тој истакна и дека САД мора веднаш да ја суспендираат имиграцијата од сите нации кои биле компромитирани од тероризмот.

Според него, Франција и Германија кои беа соочени со напади имале специфични проблеми. Трамп ја нападна и ЕУ, која, како што наведе, била формирана за да ги победи САД во правењето на пари и да се натпреварува со неговата земја.

XS
SM
MD
LG