Достапни линкови

Ден на жалост во Косово за жртвите во Минхен


Косовскиот претседател, Хашим Тачи

Косовскиот претседател, Хашим Тачи утрешниот ден 24 јули, го прогласи за Ден на жалост во земјата, во спомен на тројцата државјани на земјата кои беа убиени во нападот во Минхен. Тој воедно на социјалната мрежа Фејсбук на семејствата на убиените им изрази сочувство.

Јас и народот на Косово се поклонуваме пред нив. Тие се херои на борбата за заедничките слободи и вредности во Европа“, напиша Тачи. Утре на целата териорија на Косово знамињата ќе бидат ставени на половина копје.

XS
SM
MD
LG