Достапни линкови

Ослободени заложниците полицајци во Ереван


Сите четворица полицајци кои беа држени како заложници од вооружена група во ерменскиот главен град Ереван се ослободени. Тие беа околу една недела во заложништво откако вооружена група ја зазеде полициската станица на 17 јули.

Групата ги ослободила заложниците во замена за можност да разговараат со медиумите. Тие бараат да биде ослободен нивниот лидер кој е во затвор и оставка од претседателот Серж Саркасијан. Еден полицаец беше убиен при нападот. Поддржувачи на вооружените лица пред два дена се собраа на протест во Ереван во близина на полициска станица.

XS
SM
MD
LG