Достапни линкови

Над 60 лица убиени во напад во Кабул


Нападот во Кабул

Нападот во Кабул

Во самоубиствен бомбашки напад за време на протетен марш во главниот град на Авганистан, Кабул на кој учествуваа припадници на малцинството Хазара загина најмалку 61 лице, а 270 се повредени. Милитантите на Исламската држава ја презедоа одговорноста за нападот.

Протестите беа организирани против менувањето на рутата на мултимилионскиот енергетски проект. Лидерите на Хазара бараат планираниот далновод кој треба да го поврзе Кабул со Туркменистан, да минува низ провинцијата Бамијан каде живеат главно припадници на Хазара. Но властите велат дека тоа би чинело милиони и го одлагаат проектот со години.

XS
SM
MD
LG