Достапни линкови

Напаѓачот од Минхен имал поврзаност со Брејвик


Германската полиција соопшти дека не пронашла докази за поврзаност со милитантната група Исламска држава при претресот на домот на осомничениот за нападот во Минхен. Но, според полицијата, напаѓачот имал очигледна поврзаност со норвешкиот масовен убиец Андрес Брејвик.

Вчера 18-годишното момче со двојно германско и иранско државјанство отвори оган во трговски центар во Минхен. Во нападот беа убиени девет луѓе, а 16 други се повредени, пред напаѓачот да се самоубие. Шефот на полицијата во градот, Хубертус Андрае изјави дека нападот нема врска со приливот на бегалци во Германија. Според него, напаѓачот бил опседнат со книги и текстови за масовни убиства. Нападот во Минхен се совпаѓа со пет годишнината од нападот во Норвешка при кој Брејвик уби 77 лица.

XS
SM
MD
LG