Достапни линкови

Ердоган со критика до ЕУ за односот кон Турција


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Европската унија дава контродикторни изјави и има пристрасен став и предрасуди кон неговата земја. Брисел упати критики до Турција за мерките преземени по обидот за пуч, посебно за најавата за повторно воведување на смртна казна.

Ердоган истакна и дека по обидот за пуч бројот на уапсени лица се искачил на 10.410 луѓе. Тој потпиша и указ со кој се затвораат 1.043 приватни училишта, 15 универзитети, 35 медицински институции, 1.229 фондации и 19 синдикати.

XS
SM
MD
LG