Достапни линкови

Можна суспензија за Русија од параолимпијадата


Русија се соочува со можна суспензија од параолимписките игри во Рио кои ќе се одржат во септември како резултат на извештајот во кој има наводи за допинг и за негово прикривање од страна на атлетичарите од земјата. Меѓународниот параолимписки комитет вчера соопшти дека отворил процес за суспензија против Русија по извештајот на Светската антидопинг агенција и дека одлуката ќе биде донесена после 1 август.

Во извештајот се откриваат случаи на допинг во Русија кои биле оркестрирани од највисоко ниво. Претседателот на комитетот, Фиип Кравен изјави дека наводите се загрижувачки за сите оние кои го почитуваат спортот.

XS
SM
MD
LG