Достапни линкови

Миноски - решението на кризата добро за економијата


Разврската на политичката криза е од круцијално значење за земјава да се врати на патеката на економскиот развој, за странските и домашните инвестиции, како и за отворањето нови работни места, а со тоа и подобрување на животниот стандард на граѓаните, вели министерот за финансии Кирил Миноски во интервју за телеграф.мк. тој се осврнува на еврообврзницата и го повторува ставот дека е издадена законски. Според него големиот интерес за неа на меѓународниот пазар докажува дека инвеститорите имаат доверба во владините економски политики.

Миноски вели дека јавниот долг на државата со издадената еврообврзница ќе биде под 50 отсто, што е под Мастришкиот критериум од 60 отсто од БДП.

Министерот информира дека годинава достасуваат за отплата обврски во износ од околу 180 милиони евра, кои ќе се отплатат со дел од средствата од еврообврзницата, што ќе влијае на намалување на државниот долг, а исто намалено е и домашното задолжување.

Од неговиот дополнителен заменик, доколку биде избран, очекува, како што вели, одговорност, односно, државните интереси да бидат секогаш пред партиските, а не обратно.

XS
SM
MD
LG