Достапни линкови

Саркасијан бара ослободување на заложниците полицајци


Ерменскиот претседател Серж Саркисјан ги повика вооружените лица кои држат заложници во полициска станица во Ереван да го положат оружјето и да ги ослободат четворицата полицајци кои ги држат како заложници.

Саркисијан вели дека владата ќе ги казни прекршителите на законот, а нејзините акции ќе бидат во согласност со законите на Ерменија, но не кажа дали ќе побара од полицијата да влезат во зградата.

Вооружена група ја зазеде полициската станица на 17 јули. Тие бараат да биде ослободен нивниот лидер кој е во затвор и оставка од претседателот Саркасијан. Еден полицаец е убиен при нападот.

Поддржувачи на вооружените лица пред два дена се собраа на протест во Ереван во близина на полициска станица. Тие бараат оставка од претседателот и и нови избори.

XS
SM
MD
LG