Достапни линкови

logo-print

Полицијата трага по мотив за нападот во Минхен


Полицијата трага по мотив кој може да објасни зошто 18-годишното момче со двојно германско и иранско државјанство вчера отвори оган во трговски центар во германскиот град Минхен. Во нападот се убиени девет луѓе, а 16 други се повредени, пред напаѓачот да се самоубие. Засега единствениот осомничен е пронајден мртов околу 1 километар од трговскиот центар Олимпија каде што се случи нападот, застрелан во главата, очигледно од своја рака, соопшти полицијата. Полицијата вели дека напаѓачот не и е познат досега.

Портпаролот на минхенската полицијата, Петар Бек, соопшти дека се укинати безбедносните рестрикции кои беа воведени и дека јавниот транспорт работи нормално.

Бек за новинската агенција Асошиетед прес изјави дека полицијата се уште трага по мотивот за нападот и дека се уште прибираат докази. Полицијата вршеше претрес во еден стан во градот, но не кажуваат дали се работи за станот на напаѓачот. По нападот германскиот политички врв одржа Совет за безбедност. Нападот во Минхен е трет голем акт на насилство врз цивили во западна Европа за осум дена. Минатата недела се случија нападот во францускиот туристички град Ница и во воз во Баварија.

XS
SM
MD
LG