Достапни линкови

Временска прогноза - сончево и многу топло


Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб претежно северен ветер. Дневната температура ќе се движи од 31 до 38 степени. Во Скопје сончево и топло со слаб северен ветер. Температура до 36 степени.

За време на викендот ќе се задржи претежно сончево и топло време, само во недела кон крајот на денот ќе се зголеми облачноста и претежно во северозападните делови ќе има услови за краткотраен дожд.

Во понеделник и вторник ќе преовладува променливо облачно време, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

Од среда условите за попладневна нестабилност ќе се намалат.

XS
SM
MD
LG