Достапни линкови

logo-print

Осум загинати во нападот во Минхен


Најмалку осум луѓе се убиени во пукотници во трговски центар во Минхен, Германија. Властите се сомневаат дека станува збор за терористички напад. Полицијата трага по тројца осомничени за нападот во трговскиот центар Олимпија, по што полицијата спроведе голема акција и прогласи вонредна состојба. Минхенската полицијата соопшти преку Твитер дека осум луѓе се убиени, а непознат број луѓе се повредени во нападот. Во соопштението, минхенската полиција наведе дека „осомничените се уште се во бегство“ и ги повика луѓето да останат во своите домови или ако се надвор, да побараат засолниште во затворен простор.

Засега нема информации дали меѓу настраданите има македонски државјани. Властите во покраината Баварија и федералните германски власти не даваат информации за идентитетот на загинатите и повредените во нападот во Минхен, но според организациите на Македонците во Германија, како што јави дописникот на МИА од Берлин, засега нема сознанија за македонски граѓани меѓу настраданите во терористичкиот напад.

XS
SM
MD
LG