Достапни линкови

Собранието вечерва гласа за измени во Изборниот законик


Пратениците во македонското Собрание доцна вечерва треба да гласаат за измените во Изборниот законик. Првин тие се разгледуваат во матичните комисии, а потоа и на пленарна седница. Партиите денеска долго разговараа за измените на неколку координации во Собранието. Согласно договорот, измените треба да се донесат до полноќ . Измените се однесуваат на избирачкиот список и можноста ДИК да брише гласачи кои нема да се пријават во дадениот рок.

Пратеничката група на СДСМ и опозицијата ќе учествува во работата на Собранието, бидејќи сериозни обврски произлегуваат од Договорот за фер и регуларни избори што е постигнат, што треба да се реализираат и преку Парламентот, најави вечерва Горан Сугарески, координаторот на пратеничка група на СДСМ.

„Денеска треба да се донесат измените на Изборниот законик. Наша цел е одржување фер и регуларни избори. Сите наши чекори во текот на целиот овој процес на политичката криза што ја предизвика власта се во таа насока“, рече Сугарсеки на вечерашната прес-конференција во Собранието.

Тој нагласи дека во Договорот се предвидени рокови и решенија за Избирачкиот список, медиумите, ингеренциите на министерот за внатрешни работи, вклучително и обезбедување непречена работа на Специјалното јавно обвинителство.

XS
SM
MD
LG