Достапни линкови

Неколку убиени во нападот во трговски центар во Минхен


Неколку луѓе се убиени во трговски центар во Минхен. Полицијата започна голема операција откако во трговскиот центар билo пукано со огнено оружје. Затворена е голема област околу трговскиот Олимпија во јужниот дел на градот. Портпаролот на полицијата во Минхен Томас Бауман за германската новинска агенција ДПА изјави дека нападот започнал во ресторан за брза храна во трговскиот центар нешто пред 18 часот по локално време. Тој вели дека полицијата се уште не знае дали се работи за еден или за повеќе напаѓачи и дека се уште никој не е уапсен.
Германскиот весник Минхер Абендцајтунг објави дека загинале 15 луѓе. Весникот Билд објави дека вооружен напаѓач трчал низ трговскиот центар и пукал кон луѓето пред да избега во насока на една метро станица. Властите велат дека е запрен транспортот на неколку линии во градот. Телевизиските снимки прикажуваат десетици возила за итна помош пред трговскиот центар.



XS
SM
MD
LG