Достапни линкови

logo-print

Украинската пилотка Савченко повика на помирување


Украинскиот воен офицер Надја Савченко, која стана национален херој откако помина речиси две години во руски затвор, повика на помирување за да се стави крај на конфликтот во источна Украина. Таа сега е пратеник во украинскиот парламент. Во интервју за една телевизија Савченко рече дека Украинците мора да побараат прошка, во спротивно, вели таа, насилството што го зафати источниот дел на земјата ќе продолжи. Савченко која е пилот беше уапсена во јуни 2014 и однесена да и се суди во Русија, обвинета за убиство на двајца руски новинари кои известувале за конфликтот. Таа е ослободена во мај, како дел од размена на затвореници.

XS
SM
MD
LG