Достапни линкови

Турската жандармерија дел од МВР наместо од Армијата


Турската жандармерија наскоро ќе биде вклучена во состав на Министерството за внатрешни работи на Турција, изјави денеска ресорниот министер Ефкан Ала.

До извршувањето на обидот за воен преврат во Турција, жандармеријата, во чиј состав се наоѓаат околу 200 илјади војници и офицери, беше во состав на турската армија и под команда на Генералштабот.

Жандармеријата е одговорна за спроведување ред и мир во реони, каде полицијата не е надлежна, вклучувајќи рурални и шумски области во источниот дел на Турција.

XS
SM
MD
LG