Достапни линкови

logo-print

Хрватска ја поништи пресудата против надбискупот Степинац


Загрепскиот Жупаниски суд во целост ја поништи пресудата против надбискупот Алојз Степинац, кој во 1946 година бил осуден на 16 години затвор и присилна работа, како и на петгодишно губење на сите политички и граѓански права. Судот соопшти дека Степинац тогаш немал фер судење. Многу хрватски католици на Степинац гледаат како на херој кој им се спротивставил на комунистите. Тие сакат да го прогласат за светец. Критичарите пак му замеруваат на надбискупот дека не сторил доволно за да запре усташите да убијат илјадници Евреи, Срби и Роми.

XS
SM
MD
LG