Достапни линкови

Заев - договорот поволен за граѓаните и СДСМ


Поволен и за граѓаните и за СДСМ е постигнатиот договор и е излез од политичката криза, изјави претседателот на СДСM Зоран Заев. Тој вели дека со договорот се обезбедуваат минимум регулација на медиумите и допрочистување на Избирачкиот список онолку колку што е можно. Со исполнувањето на овие два услови, Заев се надева дека ќе има услови за фер и демократски избори.

Заев вели дека кога има преговори мора сите страни да попуштат за доброто на граѓаните и економијата.

„Никој не може до крај да биде среќен. Поприлично сум убеден дека договорот ќе се почитува оти овие услови не зависат од партиите. Технички се аспектите“, рече Заев.

Тој смета дека овие аспекти ќе бидат завршени на време за да може 11 декември да биде датумот на предвремените парламентарни избори.

XS
SM
MD
LG