Достапни линкови

Москва забрани протест на опозицијата


Московските власти не им дадоа дозвола на опозициски активисти да одржат протест на 26 јули. Тие сакаа да протестираат против новиот закон за антитероризам. Локалните власти денеска соопштија дека опозициските активисти не ги завршиле сите потребни процедури за да има демонстрации. Опозицијата сака да протестира против контроверзниот закон потпишан од претседателот Владимир Путин, со кој во голема мера се зголемуваат овластувањата при следењето луѓе.

XS
SM
MD
LG