Достапни линкови

Јилдирим - Се уште постои опасност од нов преврат


Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска изјави дека се уште постои опасност од нов преврат во земјата, нагласувајќи дека Владата и другите институции ја контролираат ситуацијата.

Една недела по неуспешниот обид за воен удар, во кој загинаа 246 лица, Јилдирим ги повика Турците да останат спокојни, додавајќи дека животот се нормализирал.

„Опасноста не е исчезната, но нашите граѓани не треба да стравуваат“, истакна турскиот премиер, објаснувајќи дека институциите во земјата го почитуваат владеењето на законот.

XS
SM
MD
LG