Достапни линкови

Евроамбасадорот Орав на проштална средба со вицепремиерот Адеми


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Арбр Адеми на денешната проштална средба со шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, амбасадорот Аиво Орав му се заблагодарил за неговиот ангажман и поддршка за време на неговиот мандат, се наведува во соопштенито од Секретаријатот за европски прашања. Соговорниците го поздравиле постигнувањето на политичкиот договор меѓу политичките партии и се согласиле дека сега е круцијална целосната имплементација на договореното, посочувајќи дека и натаму останува важноста на спроведувањето на Итните реформски приоритети низ инклузивен процес.

XS
SM
MD
LG