Достапни линкови

МОК пронајде уште 45 случаи на допинг


Илустрација.

Илустрација.

Меѓународниот Олимписки комитет соопшти дека пронашле уште 45 случаи на допинг, меѓу нив на многу носители на медали за време на Олимписките игри во Пекинг во 2008 и Лондон 2012. Во денешното соопштение од МОК наведуваат дека пронашле 30 случаи на Олимпијадата во Пекинг и 15 на таа во Лондон. Повторното тестирање било насочени пред се кон тие што освоиле медали, па од 45 случаи, 23 се на спортисти кои освоиле златен, сребрен или бронзен медал. Од Комитетот велат дека 1.243 примероци биле подложени на повторни тестови според нови научни методи. Од таму велат дека повторните анализи покажуваат дека тие се посветени на борбата против допингот. Од МОК велат дека во наредните денови ќе ја соопштат одлуката дали ќе им се забрани на руските спортисти да учествуваат на игрите во Рио.

XS
SM
MD
LG