Достапни линкови

Турција за смртната казна од правен, а не од аспект на ЕУ


Прашањето дали Турција треба или не треба да ја врати смртната казна по неуспешниот воен удар, треба да се разгледува од правен аспект, а не од агол каков сака Европска унија, изјави денеска турскиот министер за правда Бекир Боздаг во интервју за Си-Ен-Ен Турк.

Неговата изјава уследи откако високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан апелираа Турција да го почитува владеењето на законот, човековите права и основните слободи по неуспешниот пуч.

Могерини и Хан во соопштение истакнаа дека спороведените мерки во образовниот сектор, судството и медиумите се неприфатливи. Во исто време, САД ја повика турската Влада да ги зачува демократските институции, додавајќи дека меѓународната заедница ќе набљудува што се случува во Турција, која е членка на НАТО.

Во Турција е воведена тримесечна вонредна состојба, при што привремено е суспендирана примената на Европската конвенција за човекови права.

XS
SM
MD
LG