Достапни линкови

Турција: САД предложи Комисија за екстрадирање на Ѓулен


Вашингтон предложи да се формира Комисија која ги била надлежна за можната екстрадиција на проповедникот Фетула Ѓулен кој се наоѓа во САД, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Турција обвинува дека Ѓулен стои зад организацијата на неуспешниот обид за државен удар минатата недела. Чавушоглу денеска изјави дека Турција е подготвена да учествува во таква комисија. Ѓулен ги отфла обвинувањата дека стои зад државниот удар. Анкара соопшти дека официјално ќе побара екстрадиција на Ѓулен од САД, но се уште го нема направено тоа. Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Вашингтон ќе го разгледа барањето за екстрадиција, но само ако има релевантни докази.

XS
SM
MD
LG