Достапни линкови

Во Албанија усвоени реформите во правосудството


Албанскот парламент едногласно ги усвои реформите во правосудство, што беше клучен услов за приближување на земјата до ЕУ. На пленарната седница учествава сите 140 пратеници, кои ги подржаа реформите. Продолжението на седницата и гласањето на реформите, од ложата на собраниската сала ги следеа американскиот амбасадор Доналд Лу, евроамбасадорката Романа Влахутин, како и лидерот на опозициските демократи Љуљзим Баша. Дел од албанските медиуми информирајќи за изгласувањето на реформите наведуваат дека конечно заврши „теленовелата Реформи во правосудството“, поради фактот што нивната подготовка почна пред осумнаесет месеци и поради сите случувања што следеа до нивното усвојување.

XS
SM
MD
LG