Достапни линкови

Коалицијата подготвува операција против ИД во Мосул


Водечки воени претставници и дипломати од 40 земји членки на коалицијата предводена од САД во борбата против милитантите на Исламската држава се состанаа во Вашингтон за да го подготват нападот врз ИД во нејзиното главно упориште Мосул во Ирак. „Ослободувањето на Мосул е на повидок“, изјави Брет Мекгурк, американски претставник во коалицијата против ИД. Ирачкиот премиер Хајдар ал Абади изјави дека повторното заземање на овој град ќе се случи до крајот на годинава. Американскиот државен секретар Џон Кери рече дека е време милитантите на ИД целосно да бидат истерани од Ирак и Сирија.

XS
SM
MD
LG