Достапни линкови

На гласањето за нов шеф на ОН води Гутереш


Антонио Гутереш

Антонио Гутереш

Поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш води по првото тајно гласање за нов генерален секретар на Обединетите нации. На второ место е словенечкиот претседател Данило Тирк, додека третото место го делат тројца кандидати, Ирина Бокова од Бугарија, Срѓан Керим од Македонија и Вук Јеремиќ од Србија. На гласањето зад затворена врата секој член на Советот за безбедност на ОН можел да се изјасни за секој од 12 кандидати за оваа функција.

XS
SM
MD
LG