Достапни линкови

Трамп ја прифати кандидатурата за претседател


Доналд Трамп ја прифати номинацијата на Републиканската партија за претседател на Соединетите држави. Тој на партиската конвенција во Кливленд изјави дека земјата се соочува со криза и оти тој тоа ќе го поправи. Милијардерот Трамп чиј подем го потресе американскиот политички систем изјави дека доколку биде избран за Белата куќа ќе воведе ред во земјата каде што, како што рече, нападите врз полицијата и тероризмот претставуваат постојана закана. Трамп на претседателските избори на 8 ноември годинава ќе се соочи со веројатниот кандидат на Демократската партија Хилари Клинтон.

XS
SM
MD
LG